ПСЖ цело лето беше мирен и за 24 часа договори две засилувања вредни 120 милиони
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике изрази незадоволство од работата на трансфер пазарот, па шампионот на Франција во 24 часа ги договори Лука Шевалие од Лил и Илија Забарњи од Борнмут.
„Светците“ следната недела ја почнуваат новата сезона, во среда го играат Суперкупот на Европа против Тотнем, па Луис Енрике го крена гласот и изрази незадоволство од тоа што бавно се одвиваат работите кога се во прашања засилувањата.
Па ПСЖ веднаш реагираше и ги финишираше преговорите за ангажман на Лука Шевалие од Лил и Илија Забарњи од Борнмут.
Голманот ќе пристигне во зделка вредна околу 55 милиони евра, односно 40 милион како фиксен дел и додатни 15 милиони евра во лесно остварливи бонуси.
За услугите на дефанзивецот ќе бидат платени околу 62 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Се очекува двајцата да ги комплетираат трансферите до крајот на неделата и да бидат во тимот за пресметката со „спарси“ во Удине.
ФОТО: X/Paris Saint-Germain