МагазинНајново

Променливо облачно со дожд и снег на планините, заладување од понеделник

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините во северозападниот дел од земјата врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од 3 до 7 Целзиусови степени, а максималната од 8 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух, во понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на дел од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а во среда и четврток повремено засилен ветер од југоисточен правец.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons