МагазинНајново

Променливо и дождливо време: Денеска до 14 степени, од понеделник заладување и снег

Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо облачно време за денешниот ден. Утринските часови ќе донесат повремен локален дожд, додека во текот на денот се очекуваат кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите повторно ќе се активираат, а на повисоките планини дождот ќе премине во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Температурите ќе останат релативно високи за овој период од годината:

  • Минимални: од 2 до 6 степени.
  • Максимални: од 9 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично, со повремени врнежи од дожд, особено наутро и навечер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 12 степени.

Метеоролозите најавуваат дека влажниот бран ќе продолжи и во наредните денови со локално пообилни врнежи. Значајна промена се очекува на почетокот на новата седмица, кога поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, врнежите од дожд ќе преминат во снег и на некои од повисоките места, не само на планините.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons