Македонија

Продукција „Охо“ најавува: Во јануари 2027 година почнува снимањето на филмот за Тоше Проески

Биографскиот филм за македонската поп-ѕвезда Тоше Проески влегува во фаза на реализација. Проектот, кој со години предизвикува интерес кај јавноста во регионот, ги помина првите клучни фази, објави Женски магазин.

Продуцентот Пеце Талески од „Охо продукција“ потврди дека сценариото е во завршна фаза, со што официјално започнува процесот на предпродукција. Според утврдениот план, првата филмска клапа е закажана за јануари 2027 година.

Со оглед на комплексноста на проектот и регионалното влијание на Проески, „Охо продукција“ ангажира авторски тим од Македонија и соседството. Зад режисерската палка ќе застанат Игор Стоименов и Ѓорѓи Унковски, додека сценариото го потпишуваат Игор Стоименов, Милана Влаовиќ и Андреј Волкашин.

Објавувањето на деталите за филмот веднаш предизвика реакции во јавноста. Пред продукцијата стои предизвикот да реализира проект што ќе одговори на високите очекувања на публиката и на филмската индустрија.

„Ова е проект кој носи голема професионална одговорност. Нашата цел е да создадеме филм со висока продукциска вредност што достоинствено ќе го прикаже ликот и делото на Тоше Проески“, изјави Талески.

„Охо продукција“ важи за една од најамбициозните и најпрепознатливите македонски продукции, која со години успешно ја претставува домашната филмска и телевизиска индустрија надвор од границите на Македонија.Во продолжение повеќе на Женски магазин….

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons