МакедонијаНајново

Притвори за „Синџир“ – 13 газди на македонски фирми одат во Шутка 

Судија во претходна постапка вчера, доцна вечерта, ги прифати барањата на ОЈОГОКК во врска со осомничените во акцијата “Синџир”.

Од Обвинителството во кратка изјава за Инфомакс информираа дека судот определил 13 ефективни притвори, 1 куќен притвор и 12 мерки на претпазливост. Во врска со мерките за претпазливост од Обвинителството нагласија дека за сите 12 лица се определени сите мерки на претпазливост кои Обвинителството ги побара и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Од Кривичниот суд потврдија дека се прифатени сите барања од Обвинителството, но најавија детали во текот на денешниот ден.

Како што претходно објавивме, шест лица се во бегство, односно се недостапни за органите на прогонот.

Со акцијата “Синџир” се опфатени 26 физички и 28 правни лица кои се товарат за злосторничко здружување, даночно затавјување и перење на пари и други приноси од казниво дело.

Согласно Кривичниот законик за за кривичното дело Даночно затајување од чл.279 доколу износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со казна затвор од една до десет години и со парична казна.

За кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години. И за ова и за претходното кривично дело се предвидени дополнителни парични казни за правните лица.

За делото злосторничко здружување, е предвидена казна затвор до три години, во зависност од целта поради која е создадо злосторничкото здружување, односно за кое дело се товари. Санкцијата за ова кривично дело беше намалена од десет на максимални три години со последните измени на Кривичниот законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons