МакедонијаНајново

Принудно слетување на хеликоптер на Армијата 

Денеска при редовно извршување на летачка обука, хеликоптер на Армијата имал принудни слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, соопштија од Канцеларијата за воени односи со јавноста. 

„Со цел информирање на јавноста, транспарентно прикажување на активностите на Армијата на Република Северна Македонија и спречување на дезинформации, Ве информираме за следното: Во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, во време околу 14 и 30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец. По безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото, се до утврдување на причината на кварот и оспособување на хеликоптерот. Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана“, се наведува во соопштението на надлежните доставено до медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons