Македонија

Приватните превозници на 2 декември со автобусите ќе го блокираат Скопје 

Приватните превозници се заканија, или решавање на проблемот или блокирање на повеќе крстосници низ главниот град најавија приватните превозници. Откако вчера нивното барање  за покачување беше одбиено.

Тие бараат совениците на Град Скопје да свикаат вондредна седница и да се решат нивите проблеми. 

„Покачување на цената што е по изминат километар. Плаќањето да биде преку градот да не биде преку јсп да не се најдеме повторно во ваква иста ситуација и да се излгасаат новире возни редови каде што е оптимизиран возниот ред.“ – Златко Тодоровски.

Претседателот на советот на град Скопје Трајко Славевски вели дека во кризна состојба градоначалничката на Град Скопје ги подбуцнува приватните превозници да прават проблеми во јавниот градски превоз. Додава доколку состојбата со приватните превозници ескалирам, владата има инстументи дека владата има мерки и инстурменти да го реши пболемот 

„Па во кризна состојба доколку дојде до блокирање на улиците се носат булдужери се расчистува улицата. Како може некој да блокира во кризна состојба улица.“ -Трајко Славевски.

Независната пратеничка Ирина Витина вели дека добиле иницијатива од советникот Горан за разгледување на проблемот како точка на дневен ред. 

„Тоа е барање иницијатива со која иницирам отпочување на постапка преку која би се разгледале можностите за покачување на цената на услуга на приватните превозници.“ – Ирена Витина независен советник.

Откако вчера ВМРО-ДПМНЕ ја нарече кума на хаосот и самопрогласена „реформаторка“ на јавниот превоз која повторно го доведе ЈСП пред колапс, денес Арсовска во иста мера му возврати на премиерот. 

„Мицкоски ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз! Реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш “патриоту” Мицкоски, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа реформа, ти го колабираш јавниот превоз со своите полтрони советници.“ – Данела Арсовска градоначалничка на Град Скопје.

Според информациите нафта ЈСП има до крајот на неделата. Од валадата велат доколку е потребно повторно ќе излезат во пресрет. Откако по втор пат пропадна тендерот за набавка за нафта до прашање се доведува и автобускиот превоз кој го организира ЈСП. 

„Се надеваме како влада дека по завршување на набавката која што сега е во моментов дека нема да се случи ваква состојба. Како влада секако, се разбира дека ќе помагаме во секој момент и онолку колку што можеме.“ – Марија Митева порпарол на влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons