Магазин

Препознајте кои се и избегнувајте ги! 16 знаци дека си имате работа со злобна личност 

Злото не е лесно да се дефинира, ама едно е сигурно. Во своето опкружување имате малициозни личности од кои е добро да се оддалечите. Можете да ги препознаете по лошото чувство што го предизвикуваат кај вас, но понекогаш не е доволно да забележите од кои луѓе треба да се оддалечите, пишува hackspirit.com

Во продолжение прочитајте кои знакови можат да укажат кое лице е злобно. Секако, ако тоа го забележите кај лицата во вашето опкружување, оддалечете ги од вашиот живот.

– Уживаат во несреќата на другите, а дури и кога се обидуваат тоа да го скријат, како „да оживуваат“ кога некому му се случува нешто лошо.

– Имаат проблем со контролата и се обидуваат суптилно да контролираат и да манипулираат.

– Често лажат.

– Кога сте со нив се чувствувате чудно, непријатно, а после подолго време поминато со нив имате чувство како да сте останале без енергија.

– Ве доведуваат во заблуда.

– Не се каат и никогаш не се извинуваат.

– Често се караат, а не им се непознати ни физичките пресметки.

– Неодговорни се.

– На нив ве предупредуваат дури и нивните пријатели или семејството.

– Лоши пријатели се.

– Оставаат впечаток како да ги мразат сите луѓе, никој не може да им удоволи.

– Често користат емотивни уцени.

– Ве омаловажуваат.

– Ве вовлекуваат во конфликт, иако не сакате да бидете дел од него.

– Водат двоен живот.

– Немаат граници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons