Македонија

Прекрасна вест: На Бадник во Битола се роди тројка – две братчиња и сестричка 

Жена која денеска, на Бадник, се породила во битолската болница „Плодност“, донела на свет тројка – две братчиња и сестричка, објави болницата на социјалните мрежи.

„Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели, на ден кој симболизира љубов, семејство и заедништво. Таа е во одлична здравствена состојба, пресреќна и благодарна што на свет донесе ваков благослов. Со методите на асистирана хумана репродукција (АРТ), пациентката имаше успешно изведена инсеминација – која помогна во остварувањето на овој прекрасен момент“, пишуваат од болницата во објавата. 

„Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот,“ вели прим. д-р Таше Трпчевски од „Плодност“. 

„Денес сме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарaт. Нека празничната магија продолжи во нивниот дом!“, пишуваат од болницата.

https://www.facebook.com/share/1AhoSnauqZ/?mibextid=wwXIfr

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons