Предлог-законот за ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ на владина седница веќе идната недела
Законските измени со кои се предвидува поголема заштита од пушењето се пред финализација, откако Министерството за здравство ги заврши консултациите со останатите ресори. Министерот Азир Алиу информираше дека процесот на синхронизација е завршен и се очекува предлог-решението да биде разгледано од Владата веќе на следната седница. Тој нагласи дека воведувањето на овие мерки е резултат на координиран пристап меѓу сите државни органи.
Знаете дека се синхронизиравме со сите институции. Денеска доаѓам од една работна група и по пресот ќе продолжиме. Ценам дека наредната недела веќе ќе помине на седница на Влада, рече Алиу.



