Почина жената која беше прегазена кај трговскиот центар „Зебра“
Жената која предпладнево беше прегазена близу трговскиот центар „Зебра“ во Скопје попладнево почина, соопштија од Ургентниот центар. Како што претходно соопшти МВР, возачот кој ја удрил 75-годишната жена возел со голема брзина, а потоа избегал од местото.
Прегазен пешак кај трговскиот центар „Зебра“, возачот избегал
Како што претходно соопшти МВР, возачот кој ја удрил 75-годишната жена возел со голема брзина, а потоа избегал од местото.
Сообраќајката се случила на место каде нема пешачки премин, но пешаците често ја поминуваат оваа улица токму на тоа место.
На улицата има скршен ретровизор и помали пластични делови од автомобил, а сè уште се видливи остатоци од крв.



