ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто
Златото се движи кон најголемиот неделен скок во последните 13 месеци.
Златото поскапе за 0,7 oтсто до 2.687,71 долари за унца во 14:37 часот. во Сингапур, откако Украина соопшти дека Русија лансирала „нов“ тип на балистичка ракета кон градот Днипро, како алармантен сигнал до западните поддржувачи на Киев. Зголемените геополитички тензии ги тераат инвеститорите кон сигурни средства, како што е златото.
Спот златото се зголеми за 4,9 отсто минатата недела, што е негово најдобро остварување од октомври 2023 година. Среброто поскапе за 0,9 отсто на 31,06 долари за унца, додека паладиумот поскапе за 0,9 отсто на 1.040,85 долари за унца.