МагазинНајново

Попладне не очекува нестабилно време со дожд, грмежи и град 

Денеска променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Дневната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=27°C. P=975hPa. U=60%. V=3m/s. 

Утре времето ќе биде топло и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Под влијание на влажен бран во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70 km/h). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons