Понесете повеќе пари во маркет – „Шок“ цени на месото, јајцата, шеќерот
Во последните две седмици, веб сервисот Ценометар забележа невидени до сега поскапувања кај многу производи во маркетите.
Најголеми поскапувања има кај кашкавалот и сувомеснатото, шеќерот, јајцата и маслото за јадење.
Според Ценометар кај кашкавалот ајдамер и гауда има поскапување од 43 денари, кај таблата јајца имаше празнично поскапување од 48 денари во просек, говедското свежо месо е поскапено за отприлика 80 денари.
Шеќерот низ маркетите се продава просечно поскап за 16 денари, путерот е поскап за окол 10 денари, зависно од маркетите.
Ниту тоалетната хартија не се продава веќе по старите поевтини цени, туку е поскапена за околу 40 денари за пакет.
Поскапување има и кај пивото за 10 денари и кај јогуртот, исто така за 10 денари.
Маслото за јадење изминативе две недели се продаваше по цена од 125 до 170 денари, зависно од брендот и маркетот, а не се очекува оваа цена во блиска идина да биде намалена.