Спорт

Полувреме: Македонија води со четири гола против Гвинеја

Поинаков меч од останатите дефинитивно. Стилот на Гвинеја е поразличен, па оттука нашите ракометари на теренот делуваа поинаку, им требаше време за да влезат во ритам, ни беа потребни одбрани на Марко Кизиќ, кој влезе во ритам. Тоа го сторија во последните десет минути од првото полувреме кое го завршија со 14-10. Победа на оваа средба значи пласман за Македонија во главната рунда.

Филип Кузмановски е лидер со пет гола, Костески има три, додека Марко Кизиќ шест одбрани.

Нашите момци имаа проблеми додека ја разбијат одбраната на Гвинеја, но и да реализираат. Серија на промашувања за „црвено-жолтите“, првото водство го запишаа во осмата минута со голот на Лазаревски. При 5-4, Македонија не искористи да дојде најмалку на плус три. Во 17-та минута, момците на Лазаров имаа минимална предност од еден гол (6-5). Откако Павле Атанасијевиќ по четвртти пат не реализираше, а Кузмановски ја загуби отпката, Гвинеја дојде до ново водство (6-7) во 20-та минута.

Сепак разликата во квалитетот дојде до израз. Со серија од три гола (Кузмановски, Ѓорѓиев и Костески), Македонија поведе со 9-7 во 22-та минута. Кизиќ влезе во серија од три одбрани, доволно за да нашата репрезентација во 27-та минута поведе со 13-8. Својот дебитански погодок го запиша и Валетин Карасманакис.

На одморот Македонија има позитива од четири гола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons