МакедонијаНајново

Полицијата пронајде две лица во бесознание во Малешевијата додека гаснеше пожари

Полициските службеници од СВР Штип и РЦГР Исток додека учествувале во гасењето на пожарот на планината Готен и Малешевските планини, спасиле две лица кои биле пронајдени во бесознание, објави МВР.„Во изминатите неколку дена полициските службеници од СВР Штип- ОВР Берово и Регионалниот центар за гранични работи Исток учествуваа во гасењето на пожарот на планината Готен и Малешевските планини. Со голема посветеност и храброст, тие дадоа голем придонес во справувањето со пожарот, а спасија и две лица чии животи беа загрозени од огнот односно беа пронајдени во бесознание и по укажаната помош на лице место, беа пренесени во здравствена установа“, објави министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons