Македонија

Полиција упадна во струмичка „Вила Парк“: Инспектори прават претреси пренесува Скопје1

Инспектори влегле во „Вила Парк“, која се поврзуваше со Заеви, но е сопственост на Ристо Карамазов, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, се прави претрес и се конфискува документација и компјутери, поради финансиски малверзации. Инсепкторите се во објектот подолго време, а неофицијално се испитува даночно затајување, но и други индиции за сторен криминал.

,,Скопје1“ го контактираше експремиерот Зоран Заев, за тоа дали тој се поврзува со фирмата, но тој не одговори на телефонските повици. Неофицијално, неговото семејство нема поврзаност со оваа фирма. Одговори очекуваме и од Министерството за внатрешни работи, чии инспектори ја испитуваат работата на фирмата, но и детали дали истрагата стигнува и до Заеви.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons