Полициска акција низ Македонија: Приведени 23 лица, запленета дрога во повеќе градови
Во координирана акција спроведена во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници привеле вкупно 23 лица во повеќе градови низ државата, откако кај нив или во нивните домови и возила била пронајдена различна видови наркотична дрога. Против сите осомничени ќе бидат поднесени соодветни пријави по целосното документирање на случаите.
Најголем број приведувања се реализирани во Скопје, каде што седум лица биле лишени од слобода поради поседување бела прашкаста, бела грутчеста материја и марихуана, објави 4news.mk
Во Тетово, при претрес извршен со судска наредба во домот на 41-годишен тетовец, била пронајдена марихуана, по што тој бил приведен и задржан во полициска станица.
Во Гостивар е приведен 54-годишен жител кај кого при личен преглед била пронајдена бела грутчеста материја.
Во Куманово биле уапсени две лица. При претрес во нивните домови полицијата пронашла бела прашкаста материја, црна тврда материја, таблети и марихуана.
Во Крива Паланка, по претрес во дом извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, а едно лице било лишено од слобода.



