Познатиот тениски пар ја објави свршувачката, а за неколку денови можеби ќе бидат противници на теренот
Најдобрата британска и најдобриот австралиски тенисер ја објавија свршувачката, откри Кејти Болтер потврдувајќи ја нејзината љубов со Алекс де Минаур.
Кејти Болтер, инаку 24. тенисерка во светот на ВТА листата и една од најубавите тенисерки, вчера на Инстаграм објави фотографија со која ја потврди свршувачката со Алекс де Минаур, деветтиот тенисер во светот.
„Ја чувавме нашата мала тајна“, напиша Британката во описот на фотографијата на која го покажува свршеничкиот прстен.
Време за одмор нема, па така Болтер и Де Минаур веќе на 1 јануари ќе настапат во Австралија на турнирот „United Cup“. Станува збор за репрезентативно натпреварување, каде Болтер ќе ја претставува Велика Британија, а Де Минаур неговата Австралија, а можно е двајцата де сретнат во двобојот во парови еден против друг.
„Не би рекла дека сум воодушевена од идејата да играм против него“, рече Болтер на прашањето за можниот дуел против нејзиниот свршеник Де Минаур.
Инаку во светот на тенисот, во последно време се појавија бројни љубовни врски помеѓу АТП и ВТА играчите.
Заедно со врската помеѓу Болтер и Де Минаур, дефинитивно меѓу најпознатите се и браковите на Елина Свитолина и Гаел Монфис како и оној на Паула Бадоса со Стефанос Циципас.