ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА Еве ги новите цени
Според новата одлука, бензинот од типот „еуросупер-95“ поевтинува за половина денар, „еуросупер-98“ за 1 денар, а дизелот и нафтата за домаќинство за 1,5 денари.
Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според новата одлука, бензинот од типот „еуросупер-95“ поевтинува за половина денар, „еуросупер-98“ за 1 денар, а дизелот и нафтата за домаќинство за 1,5 денари.
Новата цена на 2еуросупер-95“ ќе биде 73,5 денари за литар, „еуросупер-98“ ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар, а дизелот по цена од 67 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 66 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 ден/кг и сега ќе изнесува 41,328 ден/кг.