Повторно евакуација на ученици и наставници, нови закани за поставени бомби
Втората смена од наставата е прекината, откако на службениот мејл во една скопска гимназија пристигнала закана за поставена експлозивна направа во зградата на училиштето. Веднаш е иинформирана полицијата и учениците, наставниците и останатите вработени се евакуирани. Уште неколку училишта пријавиле во МВР закана добиена по мејл. Од МВР за МКД.мк потврдуваат дека имаат „пријави на неколку локации и дека се проверуваат пријавите“. За повеќе информации МВР ќе има соопштение подоцна.
Минатата недела само во петокот немаше анонимни закани до скопските училишта за поставени бомби. Во средбата дури 33 основни и девет средни училишта во Скопје беа евакуирани.