Повлечена иницијативата пред Врховен во врска со прашањето за помилувањата
Врховниот суд информира дека иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење за прашањето за дадените помилувања на поранешниот претседател Ѓорге Иванов е повлечена од самиот предлагач, адвокатот Миле Наумовски.
– Врховниот суд на Република Северна Македонија известува дека на ден 27.10.2023 година, до Врховниот суд доставен е поднесок од адвокат Миле Наумовски, со кој во целост ја повлекува Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, која се однесува на повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, се вели во соопштението од Врховниот суд.