ПОВЕЌЕ РАЗВОДИ ВО ГРАД, ПОВЕЌЕ ПРЕСЕЛБИ ОД СЕЛО Лани имало негативен природен прираст
Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја лани се евидентирани 10 866 живородени деца или 60.1 % од вкупниот број на живородените деца во земјава, додека 7 207 или 39.9 % се живородени деца во селските подрачја.
Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 39.6 %, а најмало Источниот регион со 6.6 %.
Во градските подрачја умреле 14 354 лица или 63.9 %, а 8 105 или 36.1 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица по региони има Скопскиот со 31.0 %, а најмало Североисточниот регион со 7.7 %.
Во градските подрачја умреле 34 доенчиња, додека во селските подрачја 24.
Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -3 488 лица, a во селските подрачја -898 лица.
Од вкупниот број склучени бракови, 6 975 или 51.1 % се во градските подрачја, а 5 907 или 45.9 % во селските подрачја.
Во градските подрачја имало 1005 разводи, односно 62.3 %, додека во селските подрачја 608 односно 37.7 % од вкупниот број разводи.
Податоците за внатрешните миграции, покажуваат дека најголемо учество од 37.9 % имаат преселбите од село во град, наспроти меѓуградските преселби со 9.4 %. Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот регион со 49.0 %, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54.4 %.
Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1 450 лица, а најмало во Југозападниот регион, односно -172 лица.