МакедонијаНајново

Поведена прекршочна постапка против два супермаркети за нефер трговски практики

Комисијата за заштита на конкуренцијата соопшти дека поведе прекршочни постапки против два синџири на супермаркети по започнувањето на примената на Законот за нефер трговски практики.„ Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамките на своите овластувања и надлежности, во изминатиот период изврши повеќе дејствија во правните субјекти кои се опфатени со Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.Врз основ на прибавените податоци, против две друштва кои се активни во трговијата на земјоделски и прехранбени производи преку своја малопродажна мрежа на територијата на Македонија, поведена е прекршочна постапка поради непочитување на одредбите од Законот. Доколку по завршување на прекршочната постапка се потврди постоењето на прекршок, против правните лица и одговорните лица во истите ќе бидат изречени соодветни казни заради сторените прекршоци“, објави КЗК.

Со законот се опфатени 2.546 производи по тарифен број, а претходно се утврдени 26 нефер трговски практики. Ристески нагласува дека контролата ќе биде строга, но дека за целосна имплементација и значителни ефекти од овој Закон, треба да помине барем една година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons