По една улица од секоја скопска општина: Половина Скопје утре без струја
Регионалниот центар за управување со кризи информираше дека неколку улици од Скопје утре ќе останат без електрична енергија.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат:
Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа и делови од улиците: Никола Тримпаре, Дебарца, Коста Кирков, Борка Талевски и бул. Св. Климент Охридски. (Општина Центар)
Од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од улиците: Индира Ганди, Хаџи Јован Шишов и Тиквешка. (Општина Шуто Оризари)
Од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од улиците: Ташко Караџа и Бапчор. (Општина Гази Баба)
Од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од с. Крушопек. (Општина Сарај)
Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
Од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Фрањо Клуз бр. 7. (Општина Аеродром)