По договорот за прекин на огнот- од ЕУ за Газа помош од 120 милиони евра
ЕУ денеска соопшти дека ќе обезбеди помош од 120 милиони евра за воено разурната Газа, еден ден по објавувањето на договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
„Денеска усвојуваме пакет од 120 милиони евра за Газа за решавање на тековната хуманитарна криза таму“, изјави портпаролката на ЕУ, Ева Хрчирова.