Пламен и чад околу луксузот: Изгоре „Брабусот“ на Бака Прасе вреден 500.000+ евра – огромна материјална штета
Популарниот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, остана без својот луксузен автомобил откако возилото му се запалило во Белград. Инцидентот се случил денеска, а самиот јутјубер веднаш ги сподели снимките од пожарот со своите следбеници на социјалните мрежи.

Илиќ го снимал својот автомобил како гори директно од неговата тераса, а подоцна објави и проштална порака на Инстаграм.
„Почивај во мир Брабус, 2023-2026“, напиша тој во описот на видеото.

Вредноста на уништениот автомобил марка „Брабус“ се проценува на околу 500.000 евра. Засега не се откриваат детали за тоа како дошло до пожарот, ниту дали станува збор за дефект или намерно подметнување.



