Свет

Писмо напишано на Титаник продадено на аукција за речиси 400.000 долари

Писмо напишано за време на првото и последно пловење на Титаник, на 15 април 1912 година, беше продадено во саботата на аукција за речиси 400.000 долари (350.000 евра).

Писмото кое на 10 април 1912 година го напишал патникот од првата класа Арчибалд Грејси, продадено му е на приватен колекционер од Соединетите Американски Држави, соопшти аукциската куќа Хенри Алдриџ енд сан од Вилтшир во Англија. Износот прилично ја надминал почетната проценета вредност од 60.000 фунти.

Грејси, кој за време на потонувањето скокнал од бродот и успеал да се качи на превртен чамец, го спасиле патници од друг чамец за спасување и бил одведен на бродот Карпатија кој ги собрал сите преживеани.

Неговата книга која ја напишал набрзо по враќањето во Њујорк се смета за еден од најдеталните извештаи за настаните од ноќта кога потонал Титаник, откако удрил во санта мраз, убивајќи 1.500 луѓе на своето прво патување. За жал, Грејси никогаш целосно не заздравел од претрпената хипотермија и почнал од компликации од дијабетес уште на крајот на 1912 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons