ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ и Фондација „Конрад Аденауер“ со нова иницијатива за стратешко лидерство и добро владеење
Во Маврово се одржува тридневниот семинар на тема „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“, организиран од Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“.
На настанот се обратија Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, и Светислав Васев, раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“, заедно со Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, а свое обраќање имаше и Христијан Мицкоски, претседател на Владата и претседател на ВМРО ДПМНЕ.
Семинарот е наменет за членови на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, министри и заменици министри, пратеници, градоначалници и други носители на јавни функции. Во фокусот се стратешкото лидерство, визијата и одговорноста, ефективната јавна и политичка комуникација, како и соработката и заедничката одговорност во процесите на добро владеење.
Од Фондацијата Конрад Аденауер порачаа дека во услови на современи политички и општествени предизвици, од особено значење е политичките лидери континуирано да стекнуваат нови знаења, да ги следат актуелните дебати и да бидат во тек со релевантните теми, без оглед на тоа колку долго се наоѓаат на раководни позиции.
Токму континуираното надградување и размената на искуства, како што истакнаа од Аденауер, се важен дел од нивната соработка, како во Германија, така и во земјите во кои истите дејствуваат. Во партнерство со политичките партии и организации,оваа фондација работи на препознавање и надминување на новите предизвици, како и на отворање и продлабочување на дискусиите за актуелни и значајни прашања.
Присуството на Драган Ковачки и Светислав Васев од Фондацијата Конрад Аденауер го оценија како потврда за постоењето подготвеност и интерес од страна на партијата за активно соочување со современите предизвици и за посветеност на темите од значење за општеството.
Од Фондацијата Конрад Аденауер изразија задоволство што и понатаму продолжува долгогодишното партнерство и соработка со нивните партнери во земјата, и посочија дека заедничката размена на искуства и идеи може да придонесе кон креирање успешни политики и кон градење подобра иднина за државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



