Пехчевец нуди почетна плата од 1.000 евра за дрвосечачи
Александар Џузе од Пехчево нуди почетна плата од 1.000 евра за дрвосечачи, а сопственикот денеска беше контактиран од локалната телевизија ТВ Стар.Огласот го има на социјалните мрежи, а понудата која интригира не е измама ниту лажно ветување, вели Александар.Неговите барања се осум часа работен ден, а за возврат работникот добива службено теренско возило и платен оброк.Сопственикот вели дека поискусните работници кај него добиваат до 1.300 евра плата, односно дневница од 50 евра.