Петрушевски: Филипче да одговори дали со народни пари префрлани во Жан Митрев, сакал полесно и поевтино да ја преземе клиниката?
Со секој изминат ден, се повеќе излегува на површина вистинското лице на СДС за време на седумгодишната власт.
Сегашниот претседател на СДС, Венко Филипче ke може да негира колку сака, но сведоштвата и фактите секој ден го демантираат и потврдуваат дека заедно со неговиот ментор, Зоран Заев и дружината, државниот апарат го ставиле во служба за остварување приватни и клановски цели.
Користејќи ја моќта, ги злоупотребувале институциите, уценувале и вршеле притисок врз доктор Жан Митрев со цел да му ја одземат болницата за багателна цена. Наместо, како министер за здравство да се грижи за здравјето на граѓаните и да ги решава проблемите во јавното здравство, Венко гледал само како да дојде приватна болница.
За остварување на оваа цел, Венко Филипче не ги штедел ниту државните, народни пари. Јавно достапните информации говорат дека во време на власт на СДС, особено кога Филипче е министер, се зголемува буџетот кој Клиничката болница од државните институции.
Од 361.600.000 денари или околу 5,8 милиони евра, колку што изнесувал буџетот во 2015 година, трансферите до болницата од државната институција се зголемија за скоро дупло со доаѓањето на СДС на власт. Односно, во 2020 година кога Филипче раководеше со македонското здравство, буџетските трансфери кон болницата на којашто Венко и фрлил око, достигнале до 682 милиони денари, сума која во денари изнесува скоро 11 милиони евра.
Бројките се немилосрдни и повеќе од јасни. Затоа го прашуваме Филипче дали ваквите огромни приливи кои ги правел кон Клиничката болница Жан Митрев, биле едни од начините со државни пари да го кандиса докторот да му ја продаде болницата за пониска сума?
Ова не бил единствениот метод кој Филипче и неговата криминална дружина на чело со Заев ја користеле за да ја присвојат болницата. Тие на докторот, како што и самиот Митрев потврди, му вршеле притисок, го уценувале и му нуделе и помош во судската постапка против клиничката болница.
Ова покажува дека нема област во општеството која СДС, Венко Филипче и Зоран Заев не ја заробиле и не ја злоупотребиле. Апетитите на Филипче и Заев кон приватниот здравствен сектор, не се нови, за нив со години слуша македонската јавност.
Затоа, Јавното обвинителство да не чека, овие сериозни индиции за изнуда и сторен криминал, да ги испита и целосно да ги расчисти. Одговорност мора да има!
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



