Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио
Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио.
Вчера кажавме дека Венко Филипче го скроил планот за дестабилизација во Кочани заедно со Заев во Дубаи. Како дел од тој план е и тепањето во кочанскиот Совет.
Аки Акиов, тепачот од Кочани е човек на Заев и Филипче.
Тепачот на Филипче имаше една единствена цел, да ја разгори омразата во Кочани, која СДС преку партиски прес-конференции и соопштенија со денови ја зовриваат.
СДС целно оди кон дестабилизација во Кочани.
СДС ја злоупотребува трагедијата и траорот на луѓето, за ситни политички поени.
Втората фаза на планот на СДС е да продолжи тензијата во Кочани и да продолжи насилството.
Заев и Филипче мислат дека доколку се создаде хаос, тие како опозиција ќе добијат глас повеќе.
И Заев и Филипче се лажат. Ниту ќе добијат глас повеќе, ниту некој им верува. Прочитани се.
ЛИНК ОД ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ:
https://youtu.be/OdNvRO21GLM
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ