Петрушевски: Заев и Филипче му нуделе помош за судската постапка на др. Жан Митрев во замена за неговата болница
Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на др. Жан Митрев во замена за неговата болница.
Преку државните институции и инсталациите во правосудството, Заев и Филипче вршеле притисок врз др. Жан Митрев за да на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата.
Откако биле замрзнати личните сметки на др. Жан Митрев, како и сметката на истоимената болница, тој бил спречен да продава удели од болницата додека траела судската постапка.
Но, Заев и Филипче тоа не ги спречило. Користејќи ја својата политичка моќ како власт во државата, ургирале да се тргне забраната за продажба на удели во болницата и му дале предлог на др. Жан Митрев, да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка.
Овој однос и начин на функционирање на СДС, за нас не е непознат, но одговорност мора да има. Само да потсетиме, болницата Жан Митрев, не е прва болница за која во јавноста се лиферуваа информации дека Заев и Филипче сакале да ја откупат.
Изјавите на др. Жан Митрев за односот на минатата криминална и корумпирана власт предводена од СДС, Заев и Филипче, кон него и неговата болница ЈО треба да ги истражи, а одговорност мора да има!
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



