Петрушевски: Заев и СДС со години не ги негираа аудио снимките во кои се вели дека Миодраг Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште на Заев
Заев и СДС со години не ги негираа аудио снимките во кои се вели дека Миодраг Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште на Заев.
Посредникот на Заев, Зоран Милески – Кичеец, според аудио снимките кои излегоа во јавноста во 2020 година, го рекетирал прорускиот бизнисмен Дака, кој му дал 300 илјади евра и 2 илјади метри квадратни земјиште на Заев, за возврат да добие бизнис услуга.
Во снимките јасно се слуша како Дака му вели на Кичеец дека парите кои му ги дал на Заев, ги искористил за изборен инженеринг за референдумот за името.
Овој круг стигнува и до тогашниот владин генерален секретар на Заев, Драги Рашковски, што значи само едно, а тоа е дека тогашната власт на СДС била поврзана со прорускиот бизнисмен Дака, а потоа и помагале за менување на ДУП во град во западна Македонија, но за тоа ќе го потсетиме македонскиот народ на утрешната прес-конференција.
До ден денес, негирање од страна на Заев и СДС за овој случај, нема.
Граѓаните мора да знаат дека каде има криминал и корупција, таму се Заев, Филипче и СДС.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



