Петрушевски: (Видео) Филипче би ги уништувал спомениците на борците од НОБ, партизаните, исто како Заев
Венко Филипче кажа дека СДС и неговите претходници на претседателското место на партијата воделе добри политики, и дека и тој би го направил истото.
Зоран Заев, со кого Венко Филипче се гордее и за кого кажа дека водел добри политики, во интервју за една бугарска телевизија кажа дека лично тој ги оштетувал плочите на хероите од НОБ, и го тргал зборот бугарски, од “Бугарски фашистички окупатор”. Да погледнеме што зборуваше Заев.
Венко Филипче кажа дека се согласува со се што Заев и Ковачевски направиле и дека и тој би го направил истото. Да го погледнеме Филипче.
Венко Филипче не е никакво ново лице во СДС, самиот Филипче потврди дека е само продолжение на Заев и Ковачевски, и дека се што направиле тие би направил и тој, а тоа значи и дека би ги уништувал спомениците на борците од НОБ, партизаните, истото како и Заев.
Венко Филипче се демаскираше.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=IHCpAEdDhFI
https://we.tl/t-crHQqpDbrr
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ