Актуелно

ПАРНО ЌЕ ИМА И ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: БЕГ, Скопје Север и ЕСМ-Енергетика ќе продолжат да испорачуваат топлинска енергија 

Топлинска енергија ќе продолжи да се испорачува за граѓаните на Скопје и по завршувањето на грејната сезона, 15 април. Со оглед на временската прогноза која најавува пониски температури за недела, понеделник и вторник, трите компании кои го обезбедуваат парното греење во Скопје,  БЕГ, Скопје Север и ЕСМ-Енергетика, ќе продолжат да испорачуваат топлина, регулирано согласно утврдените правила и дијаграми, во зависност од атмосферските услови и надворешните температури во различни периоди од денот, соопштија трите компании.

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од стрна на РКЕ,  снабдувањето со топлинска енергија може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°C, според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи на Р.Северна Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons