Пари, љубов, кариера – сѐ ќе им оди од рака! Од 12 април 3 хороскопски знаци ги чека „луда среќа“
Енергијата на полната месечина го осветлува она што досега беше скриено, ни помага да донесеме важни одлуки и да го ослободиме она што не кочи.
Пролетта носи освежување, нови можности и засилени емоции, а полната Месечина во знакот Вага на 12 април најавува силен енергетски пресврт кој на многумина ќе им донесе големи промени.
Овој астролошки настан особено ќе влијае на рамнотежата во односите, убавината, хармонијата и правдата – вредности кон кои Вагата природно се стреми. И додека некои знаци ќе чувствуваат немир и потреба да се повлечат, трите знаци од Зодијакот можат да очекуваат вистинска експлозија на среќа.
На полето на љубовта, парите и кариерата – се ќе им оди добро. Судбината ќе ги изненади со големи пресврти кои водат до реализација на долго посакуваните цели.
Како домаќин на Полната Месечина, Вагата ќе блесне во полн сјај.
Ги очекуваат емотивни пресврти, особено во љубовниот живот – можно е обновување на стара врска или влегување во нова, длабока и хармонична љубовна приказна. На деловен план има признанија и пофалби, а финансиската состојба значително се подобрува. Вагите ќе чувствуваат внатрешна рамнотежа и нагон, што ќе ги мотивира да прават смели потези кои ќе се исплатат повеќекратно.
Лав
Полната месечина во Вага на Лавовите им носи големо олеснување и бран на среќа, особено на полето на кариерата. Долгоочекуваните промени сега доаѓаат во вистинско време – можни се понуди за работа од соништата, унапредување или успешно завршување на важен проект. Љубовниот живот станува повозбудлив, а Лавовите ќе зрачат со харизма која привлекува внимание. Финансиите се стабилизираат, а некои Лавови може дури и неочекувано да добијат поголема парична добивка.
Риби
За Рибите, оваа полна месечина носи емотивна трансформација и можности конечно да најдат мир и сигурност. На љубовен план има подлабока поврзаност со партнерот или средба со личност која им го менува животот. Кариерата оди во нов правец – можно е да се отвори можност по која копнееле, но не се осмелиле да ја следат. Нивната интуиција е исклучително силна, а со неа доаѓа и среќата во финансиите – време е да бидат наградени за сето она што трпеливо го чекале.