МакедонијаНајново

Паднаa десет полицајци: Земале пари за патни трошоци, а не патувале 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против полициските службеници М.П., С.С., Х.С., Б.С., М.Д., Д.Ј.Ј., Н.В., Д.А., Г.С. и Д.Ч. поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Имено, пријавените, вработени во Единицата за брзо распоредување, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства  од Министерството за внатрешни работи  за денови  во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од  614.750 денари. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons