ПАДНА ТАВАН ВРЗ УЧЕНИЧКА ВО БИТОЛА: Прокиснале таваните, ученичката во болница
Падна таван врз ученичка во битолското средно медицинско училиште, додека таа била во еден од училишните тоалети.
Девојчето е во Клиничката болница во Битола, каде се јавила заради болки во раката.
Директорката на училиштето Наташа Илиева, информираше дека таваните прикиснале, иако неодамна биле реконструирани.
Поради ненавремено пријавен проблем, градоначалникот на Битола, тони Коњановски, бара одговорност од директорката.
Коњановски вчера со општинска комисија извршил увид на местото, а при увидот директорката информирала дека тоалетите биле реконструирани пред неколку години, но дека деновиве се соочиле со проблеми и извесно прокиснување на таванот на горниот кат.