Македонија

Охридските мозаици и фрески влегоа во аеродромскиот терминал

Патниците што од денеска ќе минуваат низ терминалот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе ги пречекуваат реплики на мозаици и фрески од Охрид.

Реконструираната терминална зграда беше пуштена во употреба денеска, а во ново уредените простории се поставени реплики на мозаици од Стариот град, меѓу кои и од Плаошник, како и реплики на фрески од црквата „Света Софија“.

Фото: Министерство за транспорт и врски

Реконструкцијата чини 2,7 милиони евра и, покрај уредувањето на ентериерот, опфаќа проширување на просторот за чекирање, зголемен број шалтери, измени во зоните за безбедносна контрола и рачен багаж, реорганизација на паркингот и поставување нова опрема.

„Овој аеродром е еден мал музеј кој го претставува регионот“, рече министерот за транспорт Александар Николоски при пуштањето во употреба.

Фото: Министерство за транспорт и врски

Реконструкцијата е изведена без затворање на аеродромот, кој продолжил да работи и за време на градежните активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons