Спорт

Официјално: Хвича Кварацхелија е нов фудбалер на ПСЖ 

Најголемиот трансфер во зимскиот преоден рок денеска доби официјална потврда, откако Пари Сен Жермен го претстави Хвича Кварацхелија (23).

За преселбата на грузискиот фудбалер од Наполи во ПСЖ се најавуваше со недели, Кварацхелија официјално потпиша четири и пол годишен договор со клубот од Паркот на принцовите.

Наполи како надомест од францускиот клуб ќе добие 70 милиони евра. Така, Кварацхелија го напушти Неапол по две и пол години, откако таму пристигна во летото 2022 година од Динамо Батуми за 13,3 милиони евра.

Оттогаш, тој одигра 107 натпревари за Наполи, постигнувајќи 30 голови и 29 асистенции.

Претходно, популарниот „Кварадона“ настапуваше и за Рубин Казан, Рустави, Локомотив Москва и Динамо Тбилиси.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons