Официјално: Реал Мадрид го реализира четвртиот најголем трансфер во клупската историја
Актуелниот европски шампион Реал Мадрид се засили со Орелиен Чуамени кој на „Сантијаго Бернабеу“ дојде од Монако.
Французинот ќе го чини „кралскиот“ клуб 100 милиони евра од кои Реал ќе плати 80 милиони евра веднаш и дополнителни 20 милиони во лесно остварливи бонуси.
Ова воедно е и четвртиот најголем трансфер во историјата на Реал Мадрид. Рекордер е Еден Азар кој во 2019 година на „Сантијаго Бернабеу“ дојде од Челси за 120 милиони евра, Герет Бејл во 2013 години го чинеше претседателот Перез 100 милиони евра, додека трет најголем трансфер е тој на Кристијано Роналдо од 2009 година (94 милиони евра).
Чуамени потпиша шестгодишен договор, а официјалното претставување во „кралскиот“ дрес ќе го има на 14 јуни.