Спорт

Официјално: Алберт Риера е нов тренер на Црвена звезда

Фудбалскиот клуб Црвена звезда, денеска и официјално го потврди Алберт Риера за нов тренер, шпанскиот стратег доаѓа на местото Дејан Станковиќ.

Медиумите уште вчера објавија дека Риера ќе биде новиот тренер на Црвена звезда, а денеска тоа и официјално е потврдено.

„Фудбалскиот клуб Црвена звезда ја известува јавноста дека нов тренер на нашиот клуб ќе биде шпанскиот стратег Алберт Риера кој потпиша двегодишен договор“, стои во соопштението на Црвена звезда.

Во пресрет на најавувањето на соопштението за Риера, Црвена звезда имаше една игра со зборови, „Тика-така“ и слика со часовник и табла со тактика. Асоцира и на време за објава, но и на тактика која беше препознатлива за Барселона, но и шпанската репрезентација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons