Македонија

ОТКРИЕНО Е ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО МАНГАН: Беровчани од утре ќе пијат вода од цистерни

Беровчани од утре ќе пијат вода од цистерни, затоа што во водата од чешмите има големо количество манган.  Од вчера водата во Берово е дозволена да се користи само за техничка употреба.

Од утре до сите граѓани во Берово ќе биде доставена вода со цистерни која ќе се полни од соседно Делчево, информираа од комуналното претпријатие во Берово.

Ќе бидат испратени примероци од вода до неколку лаборатории во државата и во зависност од добиените резултати, граѓаните дополнително ќе бидат известени за состојбата со користење на водата за пиење.

Дозволеното нормално присуството на манган во водата за пиење треба да изнесува 0,5, а во добиените резултати за водата во Берово е зголемена  на 0,11, што е нешто што првпат е констатирано по анализите на водата од водоводниот систем во Берово.Претходно во Струмица и Гостивар имаше проблеми со квалитетот на водата за пиење. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons