Актуелно

Отворени се 22 нови авионски рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, во објава на социјалните мрежи денеска сподели дека аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот.

„Силно се развива авиосообраќајот во Македонија. Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот“, истакна Николоски.

Тој посочи дека во период кој следи ќе продолжат со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот.

Воедно, вицепремиерот и министер сподели и инфографик со новите дестинации со кои се поврзани скопскиот и охридскиот аеродром.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons