Свет

Осум лица починаа откако пиеле ДОМАШНО НАПРАВЕН АЛКОХОЛ: Над 50 лица завршија во болница во Иран 

Осум лица починаа откако пиеле домашен алкохол во иранскиот град Бандар Абас, јавија локалните медиуми.

Други 51 лице завршија во болница поради труење со алкохол, информираше д-р Фатемех Новрузијан за време на прес-конференција.

Седумнаесет од нив биле во критична состојба на интензивна нега.

Полицијата соопшти за апсење на осуммина под сомнение за производство и дистрибуција на алкохол.

Производство, продажба, како и конзумирање на алкохол, е строго забрането во Исламската Република, со исклучоци за одредени верски малцинства.

Казната за консумирање алкохол од страна на муслиман е 80 удари со камшик.

Официјалните лица во Бандар Абас не ја идентификувале токсичната супстанција што била во домашно правениот алкохол.

На почетокот на пандемијата од Ковид-19, лажно верување дека пиење или плакнење на устата со алкохол ќе го спречи коронавирусот, предизвика зголемен број труења со метанол во Иран.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons