Одлична вест за Ѓоковиќ: Повредата не е толку сериозна, се враќа побрзо од очекуваното
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ добил одлична вест за продолжението на сезоната и повредата на вкрстените лигаменти.
Имено, повредата на српскиот тенисер според информациите на „Спорт Клуб“ не е сериозна како пред две години.
Ѓоковиќ во вторникот се врати во Србија кадеш то започна со терапија и информациите се дека ќе се врати порано од очекуваното. Наводно, реални се можностите да го видиме на турнирот во Доха кој на програмата е кон средината на февруари.
Престојот во Србија Ѓоковиќ го искористи и за посета на дербито помеѓу Партизан и Звезда во Евролигата кое заврши со победа на црвено-белите.
Ќе потсетиме, поради повредата, Ѓоковиќ мораше да го предаде мечот во полуфиналеот на Австралија Опен против Александар Зверев.