МакедонијаНајново

Од понеделник „Безбеден град“ почнува да лови прекршоци во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид“ велат од МВР.

Примената на системот „Безбеден град“ на територија на СВР Охрид минатата недела ја најави и министерот за внатрешни работи министерот Панче Тошковски при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од Министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

МВР апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван.

Министерот Тошковски во Охрид изјави дека во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons