МакедонијаНајново

Од март директна линија Дубаи–Скопје три пати неделно

Во рамките на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала.

На средбата било официјално потврдено дека од март Флајдубаи ќе воспостави директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно.

Муцунски сподели дека на средбата се согласиле дека директната линија ќе отвори нови можности за унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за натамошно зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји.

„Ова е конкретен резултат од активната економска дипломатија и заложбите за подобра поврзаност, а значајна улога во остварувањето на оваа цел имаше и македонската Амбасада во Обединетите Арапски Емирати, преку посветена и континуирана работа во изминатиот период“, порача шефот на македонската дипломатија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons