Актуелно

Ново барање за поскапување на парното, овој пат од ЕСМ производство 

Двете фирми на ЕСМ, „Производство“ и „Дистрибуција“ имаат поднесено барање до Регулаторната комисија за енергетика за покачување на цената на парното. Ова тие го правдаат со зголемените трошоци за набавка на гориво.

Трошокот кој треба да се корегира според ЕСМ би изнесувал 21 отсто што во пракса би значело дека само за набавка би се одвоиле 14,5 милиони евра, со што би се испорачале околу 254,7 милиони киловат часа топлинска енергија.

Во барањето ЕСМ наведуваат дека имаат потреба од покривање на зголемените трошоци за набавка на гориво што директно влијае врз цената. Од компанијата посочуваат дека неопходно е да се одржи стабилноста на снабдувањето со топлина за да се обезбеди непрекината услуга за потрошувачите.

Останува на Регулаторна да одлучи дали ќе го одобри барањето на ЕСМ за покачување. Пресметките покажуваат дека ако се прифати барањето на ЕСМ тогаш цената на парното би поскапела од 10 до 11 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons